Дали ова открие покажува како страдал Исус?: Костурот има дупка во стапалото, станува збор за многу редок доказ
Римскиот костур со дупка во стапалото, стар 2.000 години, укажува на мачењата кои биле применувани во Стар Рим, а се смета дека на овој начин бил убиен и Исус Христос.
Пронајден во текот на ископувањето на гробницата на северот на Италија, костурот покажувал знаци на “специфични поради” на десната пета, кои сугерираат дека човекот бил распнат.
И покрај тоа што Римјаните со векови практикувале распнување на луѓе, вклучувајќи го и Исус, доказите за оваа техника се многу ретки. Единствениот друг примерок е 19 сантиметри долга шајка пронајдена во телото на еден Евреин, откриен во гробница во Ерусалим во 1968. година.
Докази за распнувања се ретки бидејќи дрвените крстови кои ги користеле Римјаните брзо се распаѓале. За шајките, од друга страна, се верувало дека имаат магични својства, па често биле вадени од жртвите. Римскиот говорник Цицерон забележал дека ова е “најсуровата и најстрашна” од сите казни.
Костурот е пронајден на околу 60 километри од Венеција во долината на реката По. “Важноста на ова откритие лежи во фактот дека ова е само втор случај документиран во светот”, рекла археологот Урсула Тун Хохенстајн.
“Тука сметаме дека веројатна причина за повредата е распнувањето, но интерпретацијата е комплицирана поради лошата зачуваност на површината на коските, како и поради оштетувањата и дупките на другите делови од костурот”, напишале научниците.
Научниците велат дека горните екстремитети биле прицврстени за крстот. Човекот бил пронајден со горните екстремитите наместени на страна, додека долните му биле раширени. Тоа ја зголемува веројатноста дека бил распнат.