Избор на уредникотМакедонијаТоп

Дали директор на канализација и сто ухлебици во Водовод се поважни од националните и државни интереси

Да бидеме искрени досега од страна на ДПМНЕ, опозициските медиуми па дури и активисти на партијата, не видовме ваква „лавовска борба“ ни против Преспанскиот ни против Бугарскиот договор и двојазичноста односно федерализацијата на државата, како што има против Арсовска, колку и да е таа оправдана.

Ваква жестока реакција немало ни за пропаднатото здравство и образование, партиското и од пари зависно судство, стопостотното поскапување, кражбата на струја, корупција, местење тендери и еден мал милион други непогоди од оваа до сега најнекадарна власт. Па испаѓа дека ДИРЕКТОР НА КАНАЛИЗАЦИЈА И СТО УХЛЕБИЦИ ВО ВОДОВОД, се поважни од сите национални и државни интереси.

И после се чудиме зошто над 20 години со државата владее ДУИ (УЧК), заедно со нејзините две измеќарски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а веќе 30 години сме на дното во Европа според сите економски параметри и први по корупција и иселување на младите. и хедонизмот ја убија душата на македонските владеачки као елити а тие ја убија државата.

М.М

Поврзани вести

Back to top button