Живот

Дал 1.500 евра за невеста од Албанија, таа му побегнала првата брачна ноќ

Основното обвинителство во Прокупље покрена истрага против група луѓе која посредува во склопување на бракови на Срби со Албанки.

Имено, постои сомнение дека маж од Прокупље е измаме зошто платил 1.500 евра за да склопи брак со Албанка, но таа по неколку часа му побегнала од неговата куќа.

Основното јавно обвинителство во Прокупље испратило барање до обвинителството во Албанија да помогне во собирањето податоци за овој случај.

Осомничените идентификувани

Осомничени дека стојат зад измамите се група која посредува во склопувањето бракови со Албанки, и дека ова е само една серија измами што ги направиле.

-Идентификувани се лица кои се осомничени за ова кривично дело и постапката ја водиме со соработка со обвинителството во Албанија, велат од Основното обвинителство во Прокупље.

Оштетениот Србин преку албанска агенција која ја води една жена успеал да дојде до невестата.

-Преку телефон контактирал со нив. Се договорил да плати 1.500 евра, а тие да му донесат жена за брак. По неколку дена невестата во придружба на женско лице кое ја води таа агенција се појавила во Прокупље. Со неа бил и маж кој на младоженецот му е претставен како вујко, вели извор.

Невестата со младоженецот отишла во неговата куќа, а по неколку часа скришно побегнала од таму.

-Исчезна во текот на ноќата, дури немале и прва брачна ноќ. Оштетениот залудно ја барал неколку дена, не знаејќи што се случоло. Дури тогаш сфатил дека е измамен и им се обратил на истражните органи. Освен парите кои ги дал во агенцијата за посредување, оштетениот ги платил и патните трошоци на целата дружина, па имал и поголема штета, вели соговорник.

Десетици склопени бракови

Се верува дека во Прокупље има уште вакви слични случаи, но дека жртвите не ги пријавуваат од срам. Така во Куршумлија неодамна е забележана слична ситуација, а младоженецот останал покус за 1.000 евра. Сепак во последните неколку години момчиња од планиниските и селските средини успешно склопиле бракови со жени од Албанија.

Не е првпат, и на Шумадинец невестата му избега од кафеана

На Шумадинец (40) кој пред околу година дена имал намера да се ожени со Албанка му се случи слична судбина, но него го чинеше многу повеќе. Тој дал околу 4.500 евра за невеста и отишол по неа во Албанија, но невестата никогаш не стигнала во Шумадија.

-Седнапе во една кафеана пред влезот во Србија. Го замолила младоженецот да се јави уште еднаш кај сестра и, пред да ја мине границата. Никогаш не се вратила на масата. Излегла на другата врата и побегнала, вели еден познаник на измамениот шумадинец.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button