ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ – апел за помош за 26 годишниот Боро Стаиќ на кој итно му е потребен апарат за асистирано искашлување
Боро Стаиќ е момче на 26 годишна возраст. Поради повреда од неговата 18 годишна возраст е парализиран од вратот надоле, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде што е хоспитализиран поради Ковид-19.
Тој не може сам да се искашла и при такви ситуации се гуши. Затоа итно му е потребен апарат кој го викаат „машина која живот спасува“ со која неговите родители ќе можат да му помогнат во случај на гушење. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта.
Неговите најблиски роднини и пријатели апелираат за помош, да се помогне на младиот Боро и да се набави апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот.
Сметката на која може да се донира е следната: 210501699867140 – Боро Стаиќ
За помош на Боро е отворена и интернет gofund страница https://www.gofundme.com/f/lets-turn-suffering-into-hope-for-bozo за да може да го купи апаратот кој ќе му помогне во закрепнувањето.