Избор на уредникотМакедонија

Д-р Чибишев: Жално и трагично е во 21 век да ти почине жена од бактерија која ја има само во книгите

Жално и трагично е во 21 век да ти почине жена од бактерија која ја има само во книгите, напиша на својот фејсбук профил д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија во Скопје и побара да се испита случајот и да се казнат одговорните за оваа трагедија.

„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа поради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена (51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално. Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните. Сочуство до семејството на починатата. Господ нека ја прости“, напиша Чибишев.

Пред неколку дена во болницата во Прилеп почина 51-годишна жена по компликации по извршена киретажа. Жената била пуштена на домашно лекување, а откако добила покачена температура била вратена во болница. Следниот ден била препратена на Гинеколошката, па на Инфективната клиника во Скопје каде починала.

Поврзани вести

Back to top button