Живот

Чудесната куркума: Еве зошто е добра за здравјето и кои болести ги лекува!

Куркума е зачин кој доаѓа од коренот на растението Куркума Лонга, кое најдобро успева во Индија и на Карипските Острови. За овој зачин се верува дека е еден од најмоќните природни лекови поради состојката куркумин што ја содржи. Куркумата веќе со илјадници години има важна улога во индиската кујна и кујните од Јужна Азија, а по сознанијата за бројните поволни дејства на здравјето е се поприсутен и во кујните на западниот свет.

Куркума и кари

Иако за многумина овој зачин звучи егзотично, нештата стануваат појасни кога куркумата ќе се поврзе со карито. Имено, кари е мешавина од околу 20 различни зачини и семки, а куркумата е една од нив и е воедно одговорна за неговата жолта боја. Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и низа витамини – Б6, Б3, фолна киселина, како и минерали (калиум, железо, манган) и прехранбени влакна.

На што делува

Куркуминот прв пат бил изолиран пред два века, а структурата му била одредена во 1910 година. Уште од време на Ајурведа (1900 г. пр.н.е) на куркумата и биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести. Научните истражувања од последните 50 години само ги потврдиле неговите позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата. Неговото силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство го прави делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис, Алцхајмерова болест и други хронични заболувања.

15 добри причини за да ја вметнете куркумата во секојдневното мени:

– поседува антисептички и антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници;
– одлична во превенција од рак на простата, кај постоечкиот го спречува понатамошниот развој;
– го спречува растот на ракот на дојката;
– куркумата е природна превенција од меланом: кај постоечкиот ги убива клетките на ракот и го спречува неговиот понатамошен развој;
– го намалува ризикот од детска леукемија;
– го чисти црниот дроб на природен начин;
– може да го забави или спречи развојот на Алцхајмерова болест (ги уништува наталожените амилоидози во мозокот);
– спречува раст на метастази кај многу видови рак;
– природен лек против болки;
– го регулира метаболизмот и потпомага во слабеењето;
– во Кина одамна се користи како лек против депресија;
– лек против артритис и ревма;
– штити од рак на штитната жлезда;
– го забрзува зараснувањето на раните и брзо ја обновува повредената кожа;
– помага во лекувањето на псоријаза и други воспалителни болести на кожата.

Поврзани вести

Back to top button