Четири лица убиени во Филаделфија
Четири лица се убиени во американскиот град Филаделфија доцна во понеделникот, соопшти полицијата. Оттаму соопштуваат и дека во престрелката во југозападниот дел на градот се ранети две деца на возраст од две и 13 години. Сите жртви се мажи, пренесуваат американските медиуми.
Осомничениот напаѓач сега е во притвор, а кај него биле пронајдени пушка и пиштол. Полицијата додаде дека осомничениот, чие име не е објавено, носел елек со повеќе рамки за муниција.
На прес-конференција, полицискиот комесар во Филаделфија, Даниел Аутлау, рече дека полицијата го примила повикот околу 20:30 часот по локално време во понеделникот. Полицајците констатирале дека на лице место има повеќе жртви, а додека прибирале докази слушнале истрели, рече таа. Таа додаде дека полицијата потоа го бркала осомничениот, додека мажот за кој се верува дека има околу 40 години пукал во нив.