Четири ангели: Заедно ја победиле „болеста на денешницата“ – се храбреле една со друга (ФОТО)
Кога првпат ги фотографирале заедно сите биле под јаки терапии и чудесно е да се видат како изгледаат денес. Сега се на возраст од 4. и 5. години и ова е прва година сите да се во ремисија…
Четири девојчиња кои пред три години на детскиот оддел на Клиниката „John Hopkins“ во Ст. Петерсбург на Флорида се лекувале од рак овие денови повторно се собрале поради заедничко фотографирање со кое сакале да го одбележат Денот на борба против рак.
Сега се на возраст од 4. и 5. години и ова е прва година сите да се во ремисија, односно да нема знаци на болеста, а лекарите кои ги лекувале велат дека во најтешките моменти на лекувањето потполн се потпирале една на друга и помагале една на друга полесно да ги преброди тешките последици од терапијата која ја примале.
МекКинли, Ава и Лорен имале акутна лимфобластична леукемија, а Клои редок облик на рак на плуќа. Последна со лекувањето завршила Лорен.
Сите беа под јака терапија кога првпат ги сликавме заедно, како малечки без коса и навистина е чудесно да се види како изгледаат денеска“, вели Алиса Луциано, мајка на Ава.
Шона Глин, мајка на Лорен, вели дека девојчињата станале добри пријателки токму затоа што биле така ќелави, пренесува Health.
„Сите деца со кои се дружеа имаа коса, па и инаку изгледаа чудно меѓу врсниците, додека тие четири во болницата беа еднакви и тоа ги поврзуваше“, вели Шона Глин.
Карен Мур, мајката на МекКинли вели дека тие девојчиња и неа и биле голема утеха и дека на детскиот оддел на болницата се здобила со многу пријатели.
„Луѓето тука се поврзуваат, бидејќи често сте тука се запознавате и полесно ви е кога ќе видите познати лица“, вели Карен и додава дека и тие како мајки на храбрата четворка меѓусебно се поврзале и стабнале пријателки.
„Добро е чувството да се биде поврзан со луѓе кои минуваат исто што и ти“, вели таа…