Избор на уредникотМакедонија

Бујар Османи „заразен“ од Вучиќ се кара сo функционери и се снима (ВИДЕО)

Во услови кога владее општа депресија кај населението, кога секој кој што може си оди од државата нашиот вицепремиер Бујар Османи, пронајде интересен начин како да докаже дека нешто се работи. Тој својата албанштина реши да ја покаже на тој начин што за време на викенд ќе се вози низ Скопје, ќе се снима и ќе се кара со македонските директори зошто не ставиле табли пред институциите и на албански, бидејќи по се изгледа според него тоа е од најголема важност за подобрување на стандардот на граѓаните.

Табли и на албански ќе се постават и со Бујар и без Бујар, тоа е всушност договорено помеѓу македонските и албанските „патриоти“, а на Балканот е секогаш така кога политичарите немаат со што да се пофалат тогаш играат на етничка карта и се мерат кој е поголем патриот.

Во тоа балканско мерење нема поголем шампион од Вучиќ, човекот кој што ќе убиваше по сто муслимани за секој убиен Србин, сега сета своја енергија ја насочува во како што вели идејата за разграничување, поделба на Косово, што всушност е признавање на Косово, најточно предавство на Косово.

Е и тој Вучиќ слично како и Османи го гледаме како се расправа со министри, ги учи на морал и слично, па со оглед на тоа што речиси сите медиуми се негови му успева од Србија да направи „релити шоу“ кое трае 24/7. Но не сакаат сите да го гледаат тоа шоу. Од Србија секоја година си заминуваат по 50 илјади жители. Ним им е здосадено кога некој говори цело време за професионалност во овој случај Вучиќ, а на една од најзначајните функции назначува човек со фалсификувана факултетска диплома, поточно министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Горе долу и во Македонија е исто 30 години сите глумат и зборуваат за принципиелност, професионалност а цело време се вработуваат, непрофесионалци, партиски потрчковци, швалери и швалерки и останати „подобни“ кадри.

Според некои наши проценки поради ваквото реалити шоу приредено од оваа власт и сите претходни од Македонија, годишно си заминуваат 20 илјади жители и од нив господине Османи повеќе од половина се Албанци.

Продолжете го вашето шоу појдете на автобуска станица тогаш кога се полнат автобусите во правец на Италија, Германија Швајцарија…. и прашајте ги луѓето зошто си одат.

Постои и една друга сличност помеѓу Бујар Османи и Вучиќ, двајцата се екстремно интелегентни и образовани и едниот и другиот биле првенци на генерација е кога вакви работи прават такви интелектуалци како нив, што може да очекуваме од некој како на пример Бечир Хасани и Драган Марковиќ Палма.

Поврзани вести

Back to top button