Британскиот „Индепендент“ повеќе нема да излегува во печатено издание
Британскиот весник „Индепендент“ престанува да излегува во печатено издание од 26 март, и ќе постои само во електронска верзија, пренесува БТА, цитирајќи го сопственикот Евгениј Лебдев.
Весникот беше основан од група новинари во 1986 година. Одреден период имаше дневен тираж од 400.000 примероци, а денес само 40.000.
Затворањето на печатено издание на весникот е една од најголемите промени во светот на печатените медиуми во Велика Британија предизвикана од интернет.
– Индустријата на печатените изданија трпи, и оваа промена беше предизвикана од самите читатели кои ни покажаа дека иднината е во дигиталната технологија и електронските изданија, изјави Лебедев.
– Нашата одлука ќе го зачува брендот „Индепендент“ и ќе ни овозможи да инвестираме во авторски содржини со висока вредност, што ќе ни привлекува се повеќе и повеќе читатели на нашата онлајн страна, додаде Лебедев.