Избор на уредникотСвет

Братот на момчето кое мафијашкиот бос го фрли во киселина: Се надевам дека долго ќе страда

Во 1993 година, тој помогнал во организирањето на киднапирањето на 12-годишното момче Џузепе Ди Матео, со цел да го принуди својот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил неговото тело во киселина.

Шефот на сицилијанската мафија, еден од најистакнатите шефови на озлогласената Коза Ностра, Матео Месина Денаро, познат и по прекарот Диаболик, кој го добил од истоимениот лик од италијанските стрипови, вчера беше уапсен во Палермо.

Во 1993 година, тој помогнал во организирањето на киднапирањето на 12-годишното момче Џузепе Ди Матео, со цел да го принуди својот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил неговото тело во киселина.

На апсењето на Денаро реагираше Никола Ди Матео, братот на Џузепе.

„Еве, читам дека Денаро е болен. Се надевам дека ќе живее што е можно подолго и ќе страда долго. Нека го почувствува истото страдање што му го нанесе на брат ми, невиното мало момче. Повторно се отвори рана, сеќавањето на тој страшен период. Им благодарам на силите на редот и на судството кои секогаш беа со нас. На државата ѝ треба време, но секогаш победува”, изјави Никола.

Тој се надева, како што рече, дека целата вистина ќе излезе на виделина, пренесува „Палермо Тудеј“.

Денаро вчера беше уапсен на клиниката Мадалена во Палермо, инаку болница за лекување рак. Веста за апсењето ја коментираше и италијанската премиерка Џорџа Мелони кој рече дека ова е „голема победа за државата која покажува дека никогаш не се откажува пред лицето на мафијата“.

„По 30 години во бегство, супербосот Матео Месина Денаро е уапсен. Им благодарам на мажите и жените во земјата кои никогаш не се откажаа и кои го потврдија правилото дека порано или подоцна ќе бидат уапсени големите криминалци во бегство“, напиша министерот за внатрешни работи на Вотсап, Матео Салвини.

Поврзани вести

Back to top button