Избор на уредникотМакедонија
Богоев: Не знам колкава ми е платата, ама ако се откажам од зголемувањето од 78 отсто ќе ве известам
Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, не знае колкава му е платата, а доколку се откаже од зголемувањето од 78 проценти на истата ќе ја информира јавноста. Тој на денешниот настан на граничниот премин Ќафасан беше запрашан дали по судски пат ќе се откаже од зголемената функционерска плата за 78 отсто.
– Плата не сум примил и две недели сум само директор, ниту сум прашал колкава ми е платата. Фокусиран сум на реорганизација, ефикасност на средствата, а кога сме кај плати, пред сѐ, сум фокусиран на зголемување на плати на колегите. Ако се откажам, ќе ве известам. Не знам ни која е платата. Треба да ја видам и да ви кажам, одговори Богоев.