Блиска средба на рибари со грбав кит (ВИДЕО)
Американецот Зек Пилер и неговиот татко ловеле риби во близина на брегот на Њу Џерси, кога ги преплашил огромен грбав кит.
Овие цицачи достигнуваат должина од 16 метри и тежат 35 тони, а познати се по спектакуларното скокање од вода кога го ловат својот многу помал плен. Токму тоа од блиску го виделе и успеале да го снимат рибарите од својот 5,5 метри долг чамец.
На застрашувачкото, но и подеднакво величествено видео, се гледа излегување на мали риби на површината на водата, а само момент подоцна огромен кит избива од длабочината веднаш до чамецот. Бил толку блиску што дури и удрил во страната на малото пловило додека ловел.
„Ау! Успеав да го снимам“, вели Зек во тој момент.
„Епска снимка од кит. Удри во страничниот дел на нашиот чамец“, напишал тој покрај снимката која ја објавил на Инстаграм.