Избор на уредникотМакедонија

Битолчанецот Фердо кој уби семеен насилник по осум месеци пуштен од притвор

Битолчанецт Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого беше поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола, по осум месеци излезе од притвор.
„Правдата е конечно задоволена. Од денес Фердо после 8 месеци притвор е слободен човек со одлука на Основен суд Битола“, објави „Бабам Битола“.

Група битолчани на 23 феврураи со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде ослободен од притвор битолчанецот кој го уби Соколов поради семејно насилство и побараа инситуциите да му овозможат на осомничениот да се брани од слобода.

Починатиот Стојанче Соколов беше познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, синот на притворениот Тони Ѓоргиевски, дека тој се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Според Обвинителството, осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

Поврзани вести

Back to top button