Биљали: ДУИ е како давеникот што се фаќа за сламка, не верувам дека ќе бидат дел од идна комбинација
Најавата на ДУИ дека нема да коалицира со партија која не ги прифаќа Преспанскиот и Рамковниот договор е предизборен трик на партија која не стои баш најдобро на анкетите и како давеникот што се фаќа за сламка, се обидуваат да се спасат, вели професорот и поранешен пратеник, Мерсел Биљали во интервју за Локално.
Според него, се прават напори со помош на важни дипломатски структури да се создаде амбиент во кој ќе се донесат промени, бидејќи е непреиродно една партија 20 години да биде дел од власта. Биљали смета дека наредната владејачка коалиција ќе ја создадат бројките, односно партии кои ќе добијат доволно пратеници за една нормална функционалност, но и дека нема да има трајни сојузништва помеѓу политички партии.
Тој не верува дека партиите на Алабнците ќе побараат премиерско место за коалиција, бидејќи големината на гласачкото тело го одредува премиерот, но вели дека ќе продолжат во насока собранискиот спикер да биде Албанец.
Политичките партии на Албанците кои во моментов се во опозиција се обединуваат. Дали гледате во нив дел од идната владејачка коалиција?
Биљали: Моите информации говорат дека се прават напори, дури помагаат и дипломатски важни структури да се создаде еден амбиент кој ќе донесе некакви промени оти неприродно е една партија 20 години да биде дел од власта, позитивно е и за таа партија, да се исчисти внатре. Ако евентуално таа партија продолжува да биде дел од влада, тоа би било надвор од секоја логика, надвор од секој политички баланс.
Целото интервју прочитајте го на Локално.мк