Бизнис
Бил Гејтс: Моите милијарди покажуваат дека економијата не е фер
Бил Гејтс, вториот најбогат човек на светот според „Форбс“ тежи 108,8 милијарди долари. Но вели дека неговото екстремно богатство не е фер.
-Разликата меѓу највисоките и најниските примања во Соединетите Американски Држави е многу повисока отколку што беше пред 50 години- напишал Гејтс на својот блог.
Вели дека бил исклучително наградуван за неговата работа, додека многу други кои работат вредно, мораат да се мачат за да заработат и да живеат пристојно.