Библиско пророштво се остварува, доаѓа судниот ден? Се родило црвено теле во Израел! Следните 7 години се кобни за човештвото
Институтот во Ерусалим кој е посветен на Светиот храм, објавил дека на свет дошло совршено црвено теле. Тоа е прво такво во Светата Земја во последните 2.000 години.
Раѓањето на црвеното теле е многу важен елемент од библиското пророштво и во тој институт веруваат дека тоа е знак за второто пристигнување на Исус Христос и Судниот ден.
Според Библијата тоа значи дека Евреите по 2.000 години ќе се вратат во Израел, Светиот храм повторно ќе биде изграден, милијарди луѓе ќе исчезнат од земјата во текот на наредните 7 години поради природни катастрофи. Антихристот ќе востане и ќе владее со светот, а битката со Армагедон ќе почне во близина на Израел. Исус ќе се врати за да го уништи ѓаволот и тогаш ќе дојде судниот ден.
Иако “совршено црвеното теле” се смета за аномалија, многумина во Израел безуспешно се обиделе да го одгледуваат.
Совршеното теле мора има црвена боја, влакната мора да му бидат целосно рамни и не смее да има повеќе од три бели или црни влакна на телото. Институтот на 28. август на ЈуТјуб објавил видео и објавил дека “совршено црвено теле е родено во Израел”.
Тоа ги минало строгите тестови за да се потврди дали ги задоволува сите критериуми од Библијата. Ќе биде под будно око на експертите кои ќе го следат нејзиниот раст и евентуалните промени кои би можеле да се случат.