„Бев најмоќен човек на светот, а погледнете сега – не можам ниту да одам“
Кога зборуваме за бодибилдинг, името Рони Колеман (56) не може да се заобиколи. Станува збор за човекот кој што е многу популарен во овој спорт, а денес одвај оди…
Дали човековото здравје е повредно од сите успеси кои што ги остваруваме во животот? Вреди ли да се плати поради „пет минути слава“?
Тоа се прашањата кои што најчесто си ги поставуваат спортистите зад кои што стои успешна кариера.
Кога зборуваме за бодибилдингот, името Рони не може да се заобиколи. Тој во својата кариера осум пати победил на елитни натпревари на Мистер Олимпиа кои што ги собираат најдобрите бодибилдери на светот, а нема списание во светот кое што не пишувало за него.
Можеби некому му изгледа малку невкусно кога мажи од 120 килограми ќе се качат на сцена и ќе ги покажат своите мускули, но тоа е спорт.
Но, за патот до врвот и славата потребни се многу откажувата во животот, а што се однесува до бодибилдингот, тие исто така користат и некои забранети средства.
Човечкото тело има граници и некогаш не може да поднесе некои од напорите кои што им ги сервира човекот, а тоа на своја кожа го почувствувал легендарниот бодибилдер Колеман.
Тој на својот Инстаграм профил открил како повеќе години се мачел со болки во колената и грбот и дека направил три операции вредни два милиони евра, само за да може да оди – но сè се искомплицирало, па поради тоа одредено време од својот живот не можел да стои на нозе.
„Сметам дека операциите не поминаа како што треба и сето тоа доведе до резултат да не можам да стојам на нозе. Мора да сфатите дека не ми е лесно и дека секоја операција е многу тешка, но и многу чини – околу 500.000 долари.
Само на последните три операции потрошив околу два милиони долари и после сè, повторно не можам да стојам, но нема да се предадам“ – напишал Колеман на социјалните мрежи.
„Сакате да бидете како мене, да имате работна етикета каква што јас имав? Па, како што може да видите, јас сум осумкратен Mr. Olumpia кој што не може да оди“ – се пожалил во медиумите тој.