Белгиска фирма им вградува микро чипови на вработените
Белгиската компанија „Newfusion“ специјализирана за дигитален маркетинг на своите вработени им вградила под кожа електронски чипови. Со помош на тие клучеви работниците можат да си ги отвораат своите канцеларии и да ја ползуваат дигиталната технологија, пред сѐ компјутерите.
Поткожниот електронски „клуч“ кој содржи лични податоци на вработените им служи наместо картичка. По големина вградениот микропроцесор не ја надминува димензијата на зрно ориз. Неговата цена е 100 евра.
За тоа дали компанијата го плаќа овој чип и неговото вградување под кожата на вработените, не се наведува во известувањето. Исто така не се соопштува што прави компанијата во случај на отпуштање на вработениот. Притоа се напомнува дека оваа пракса за прв пат се применува во Белгија.
Извор: Православие.ру