Свет

БАНДА силувале девојче – Се иживувале на девица од 13 години и се осудени на 143 години

Изопачена банда на азијски мажи кои силувале и злоставувале девојче од 13 години е осудена на вкупно 143 години.

Тинејџерката била девица кога било сексуално експлоатирана поради машкиот „себичено, сексуално задоволство“, откако претходно била „негувана“ од страна на тинејџер коловоџа за кој се верува дека било нејзиното момче.

Девојката прв пат била силувана од Ахмед Ал-Чоудхури кога имала само 12 години.

Таа и рекла на поротата дека тој имал 15 години и го наљутила кога се обидела да го одбие сексот довикувајќи и со погрдни имиња пред да ја нападне.

banda

Но откако доби полициска кауција откако е уапсен поради дилување на дрога, Чоудхури успеал да побегне од Велика Британија во 2013 година и веројатно се крие во Бангладеш.

Полицијата од Јужен Јокшир тврди дека се одлучни да доведат 20 годишен бегалец назад пред лицето на правдата без оглед што не бил претходно испорачан од земјите од Јужна Азија.

Единаесет негови соучесници вчера се приведени во Кралскиот суд Бредфорд откако беа обвинети за силување на девојката која имала само 13 и 14 години.

Дванаесетиот човек е осуден за сексуални активности со истата девојка, а тој ја оставил во пост-трауматски стрес.

Еднашка ја силувале и петмина момчиња и тоа во еден подземен паркинг каде и го напишале нејзиното име во графит.

Судијата Роџер Томас изјави дека „жртвата јасно побарала сожалување и разбирање, но нивниот поглед на нив бил бездушен и понижувачки“.

„Ја гледале како патетична фигура без вредност и која не служела за ништо освен за сексулана злоупотреба. Не покажале за момент ни знак за пристојност или човештво, особено кон ранливото дете на кое му требало разбирање и нега“, рекол судијата.

Поврзани вести

Back to top button