Се погласни се предупредувањата дека светот е пред нуклеарна војна. Последен во низата кои искажа загрижаност поради опасноста од руски нуклеарен напад е американскиот претседател Бајден. Тој смета дека Ризикот од нуклеарен „Армагедон“ е на највисоко ниво од кубанската ракетна криза во 1962 година, кога САД и тогаш Советскиот Сојуз без на раб на нуклеарен судир.
Тој како и неговите европски колеги сметат дека Путон не блефира дека доколку е потребно нема да се двоуми да употреби од нуклеарниот арсенал, што би значело дека светот ќе биде соочен пред можна трета светска војна.
Реакции во Москва предизвика и изјавата на украинскиот претседател Зеленски кој го повика НАТО да преземел, како што ги нарече превентивни нуклеарни удари врз Русија. На ова стигна експресна реакција на Лаворов.
-Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија. На тој начин, предметната фигура суштински му презентираше на целиот свет очигледни докази за заканите од режимот во Киев, заради што беше покрената специјалната воена операција- Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Руската Федерација
Инаку, многу научиници и експерти многу пати предупредуваат дека доколку се случи нуклеарна војна, тоа ќе биде крај на светот како што го знаеме, нема да има победник, милиони луѓе ќе починат, а светот ќе биде зафатен од така наречена „нуклеарна зима“ по која животот на планетата ќе биде сосема поинаков.