Избор на уредникотСвет

Бајден преплаши девојче: Без сериозни врски додека не наполниш 30 (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден повторно се најде во центарот на вниманието откако фати млада девојка за рамо и ѝ рече „нема сериозни врски со момчиња додека не наполниш 30 години“.

Настанот се случи при неговата посета на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија. Претседателот го посети колеџот за да ги пофали напорите на неговата администрација за намалување на инфлацијата и намалување на трошоците. Кога го заврши обраќањето, тој стана да позира со некои од оние кои се собраа да го слушаат.

Сега, многу важна работа што им ја кажав на моите ќерки и внуки – нема сериозни врски со момци до 30 години, ѝ рече Бајден на збунетата девојка која позираше со нејзините пријателки.

Момент го сними репортерот Кајлен Д’Алмеида, кој потоа го објави на Твитер. Тој истакна дека агент на Тајната служба се обидел да го спречи да снима додека се случила непријатната случка.

Поврзани вести

Back to top button