Багер мафија од Балканот оперира во Германија
Во Германија се појави „БАГЕР МАФИЈА“, поврзана со балканските земји, и која краде големи градежни машини во Германија, кои завршуваат на Балканот, пишува германски „Шпигел“.
“Кога г-дин Демир “порача багер во подружницата на „Цепелин “во Кобленц, тој звучеше како класичен клиент. Рече дека му е потребна машината за градилиште во Ветервалд. Цепелин е водечка компанија за изнајмување градежни машини и бидејќи човекот имал отворено фактура како клиент на компанијата, багерот беше доставен брзо и без дополнителни прашања – се наведува во текстот.
Само три дена подоцна, вработената во компанијата забележала дека може да биде криминалец. Таа видела е-пошта од колега од Бауцен како предупредува на претпазливост, затоа што „господин Демир“ штотуку украл багер. Службеничката веднаш повикала полиција, но кога полицајците се појавиле на градилиштето еден час подоцна, веќе било доцна. Жолтиот багер од 15 тони, кој чини 200.000 евра, исчезна.
Шпигел тврди дека очевидец подоцна изјавил дека багерот бил натоварен на нов црвен камион „мерцедес“ со хрватски регистарски таблички. Весникот додава дека станува збор за професионална банда која работи во организиран стил.
– Големите градежни машини, товарачи и багерите исчезнуваат, а трагата на ’багер мафијата’ води кон Балканот – кон Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина – пишува Шпигел.
Во текстот се наведува дека машините прво се чуваат во изнајмени простории, а потоа крадците ги менуваат ознаките за типот и бројот на шасијата. Транспортот преку границата го преземаат компании од Источна Европа. Штетата е во милиони. Само во Хамбург, 16 натоварувачи на Цепелин исчезнаа во последните три години.
– Крадците секогаш се претставуваат како обични клиенти, отвораат сметка и официјално изнајмуваат машини. Тие го земаат идентитетот на реномирани компании. „Г-дин Демир“ навистина постои, освен тоа што тој не ги изнајмил машините – пишува весникот, потенцирајќи дека тој е чесен градежник од областа Рур, а бандата почнала да го користи неговото име затоа што има одличен рејтинг.