Мистерии

Баба Ванѓа го предвидела распадот на Европа во 2016 година

Баба Ванѓа, јасновидката од Бугарија, која умре пред 20 години, предвидела дека Европа, каква што ја знаеме ние нема да постои. Според многумина, Брегзит претставува почеток на тоа предвидување, но и на многу други за блискиот почеток на крајот на светот.

„Во Европа во 2016 година скоро нема да има никаков живот, континентот ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде скоро ненаселена, а пред тоа ќе се случат низ катастрофа“, предвиде слепата пророчица, чии визии се оствариле во 85 проценти од случајите.

Сега, после референдумот на кој Британците изгласаа излегување од ЕУ, светските медиуми многу говорат за „Балканскиот Нострадамус“, како што ја нарекуваат.

-Ванѓа предвидела дека ваква Европа нема да постои во 2016 година, а што е Брегзит ако не крај на стариот континент каков што го знаеме? Таа жена го предвиде терористичкиот напад на кулите близначките на 11 септември, но и создавањето на Исламската држава. Прорече дека популацијата Европа ќе биде скоро нула, поради инвазијата на муслиманите, кои ќе пробаат да ја освојат. Кризата е секаде во Европа, а сега уште и заминува Британија. Нејзините зборови мораме сериозно да ги сфатиме, предупредува британски Експрес, но и поголемиот број на европски медиуми.

Меѓутоа, Ванѓа не е единствена која имала црни пророштва за Европа, армагедонот кој го чека Стариот континент се споменува дури и во Библијата.

-Таму пишува дека доаѓаат кралевите на Северот и Југот чија битка може да биде кобна за Европа. Излегувањето на Британија од ЕУ може да биде таа битка – наведуваат англиските сајтови кои се занимаваат со религија.

Колку е далеку отидено покажуваат и шпекулациите кои се појавија вчера, а според кој дури и британската кралица е загрижена дека наближува крајот на светот.

Ако може да им се верува на изворите кои ги провериле екипите на ББЦ, а кои се нашле во близина на Елизабета II, таа имала намера да абдицира ако Британија ја напушти Унијата.

Поврзани вести

Back to top button