Македонија

Австриската полиција ја разбива терористичката мрежа, осомничени и двајца скопјани

Австриската полиција по неодамнешниот терористички напад со исламистичка заднина во главниот град Виена, продолжува со расплеткувњето на исламистичката мрежа во земјата и досега уапсила 15 лица блиски на младиот напаѓач, од кои двајца наводно како и тој самиот имаат потекло од Македнија, пренесуваат австриските медиуми.

По терористичкиот напад во центарот на Виен, во кој 20-годишниот Кујтим Фејзуали, чие семејство потекнува од тетовското село Челопеп, со автоматска пушка, пиштол и мачета уби четири лица и рани повеќе од 20, австриската полицијата итензивно се обидува да ја расплетка мрежата на исламистите со кои напаѓачот бил поврзан.

Специјалната единица на австриската полиција го усмрти напаѓачот истата вечер, според извештаите само девет минути откако почнал да пука во преполните угостителски објекти, а потоа низ цела Виена започна рација во потрага по можните соучесници. Врз основа на досегашните докази, а особено од анализата на видеоматеријалите снимени во текот на нападот, полицијата тргнува од тоа дека во нападот немало директни соучесници. Но, убедена е дека терористот имал помагачи кои биле добро запознаени со неговиот злосторнички план и соработувале со него во подготовката на нападот.

Австриската полиција воспостави директна соработка со колегите од повеќе земји, вклучително и со македонските безбедносни органи, а во самата Австрија се изведени најмалку 18 претреси на објеки при што се уапсени 14 лица блиски на напаѓачот. Најмногу од нив е уапсени во Виена, но има лица и од Санкт Пелтен и Лиц, Меѓу нив се две лица кои со напаѓачот биле во друштво на самиот ден на нападот.

Еден од нив е осуден во февруари 2019 година заедно со Фејзуалаи, за обид да се приклучи на џихадитичката Исламска држава. Покрај тоа, две лица се уапсени и во швајцарски Винтертур. Наводно биле блиски со Фејзулаи со кој и се среќавале. Според австриските медиуми, истражителите трагаат по уште четири лица кои се доведуваат во поврзаност со нападот.

Наводно станува збор векупно четворица етнички Албанци од кои двајца македонски државјани родени во Австрија, кои според непотврдени информации веќе се упасени. Притоа се споменуваат имиња на Арѓенд Ганиу и Узеир Авдили од Скопје. Исто така, се наведуваат и имињата на извесни Кујтим Кадриу и Аријанит Фетај од Косово.

Поврзани вести

Back to top button