Аутизмот на синот ме скрши, но ме научи и како да живеам со тоа
Хрватскиот пејач и кантавтор Борис Новковиќ и неговата поранешна сопруга Луција веќе осум години се борат со здравствените проблеми на синот Ное. Тој пред неколку месеци откри дека неговит син има аутизам.
Новковиќ во јавноста прозборе колку е тешко да се бориш со оваа болест. Дека е свесен дека неговото дете е со специјални потреби, но дека мора да се носи со тоа. Тој раскажал колку бил скршен откако ја дознале дијагнозата, но дека колку и да било тешко, знаел дека мора да се оди понатаму. Сепак, рекол, сè во животот е со некоја причина.
„Јас на тоа гледам од повеќе призми. Едната призма е дека секој има избор да живее каков живот сака. Родителството за мене е света работа“, вели пејачот за хрватските медиуми.
Тој поради болеста на синот ја запостави својата кариера, но тоа е најмалку важно, рекол, оти најважното од сè е детето да биде добро и да не му недостига ништо.
„Добро ми дојде малку да паузирам во кариерата. Најдрагоцено ми е да го поминувам времето со Ное. Тоа не може да се замени со ништо во животот, вели Новковиќ и откри колку ова животно искуство го направи посилен.
-Се тоа ме направи посилен човек. Се што поминав, без разлика дали е добро, лошо,за се постои некоја причина. Не сме на овој свет за да бидеме музичари, уметници, архитекти туку да учиме од вакви тешки ситуации, вели Новак.
Познатите личности со своите совети им помагаат на другите луѓе кои имаат слични проблеми, а Борис открил дека често разговара со родителите на децата кои и