Избор на уредникотМакедонија

Арачиновци три дена без струја, излегоа на протести, на Македонците се му одзедоа и си седат мирни

Пред канцелариите на ЕВН во Скопје протестираат жителите на Арачиново кои веќе два дена се без струја. Граѓаните бараат средба со надлежните од компанијата ЕВН. На протестот е и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново од пред два дена немаат струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.

„Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање“, велат од ЕВН кои претходно потврдија дека во Арачиново, Грчец, Серава и Сингелиќ се краде струја во вредност од 100 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button