МакедонијаТоп

Арачиновец пукал со пиштол и фрлал петарди во дворот на девојка за да стапи во контакт со неа

Жителка од скопско село на возраст од 19 години пријавила дека во неколку наврати 20 годишниот Ш.К од Арачиново неуспешно се обидувал да воспостави контакт со неа. Тој фрлал петарди во нејзиниот двор и пукал со пиштол пред нејзината куќа.

– На 16 јуни на паркинг во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, тој физички ја нападнал девојката. Тие се познавале од претходно. Потоа на 22 јуни околу 22 часот пријавениот фрлил пиротехнички материјал во дворот од нејзината куќа, а на 23 јуни околу 20 часот Ш.К. испукал двапати од пиштол пред нејзината куќа и го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button