Избор на уредникотСвет

Антверпен, новата престолнина на кокаинот, албанските криминалци го освојуваат градот

02/02/2022 10:50

Со милијардите „заработени“ од индустријата за кокаин ги корумпираат оние кои се на моќни позиции, а широк спектар на јавни службеници завршија во затвор.

Албански гангстер со лажен британски пасош е убиен пред својата куќа во Антверпен среде крвавата војна за контрола на профитабилната трговија со дрога во белгискиот пристанишен град, кој стана европска престолнина на кокаинот шверцуван од Јужна Америка во Европа и Русија но и Блискиот Исток..

Бледар Муцу (39) беше убиен од двајца напаѓачи додека се враќал дома на само неколку метри од полициската станица во саботата вечерта, а властите велат дека злосторството ги имало сите обележја на нарачано убиство.

Муца, кој беше снимен од надзорните камери во 2016 година како пука во полицијата, живееше во Антверпен во последните две години и беше клучен член на албанската нарко банда, пишува Јутарњи лист.

Традиционално познат по трговијата со дијаманти, Антверпен е преплавен со албански криминалци, а полицијата води изгубена битка со нарко картелите.

Имено, милијардите генерирани од кокаинската индустрија ги „корумпираа“ моќните позиции, а широк спектар на јавни службеници завршија во затвор.

Во последниот круг беа уапсени главниот инспектор на белгиската полиција, обвинет за давање информации на криминални групи, како и администраторот во болницата, осомничен дека барал лични податоци за пристанишни работници кои би можеле да бидат поткупени.

Гангстерите како Муца ги таргетираат моќните пребарувајќи го секој аспект од нивниот живот и барајќи ги нивните слаби точки, како долгови кои би ги принудиле да примаат мито.

Парите од дрогата на улиците на Антверпен се користат за „купување“ на полицајците, цариниците и пристанишните работници кои овозможуваат процут на илегалната трговија.

Поврзани вести

Back to top button