Ангелов: Крстот на Попова Шапка ќе го бранам со голи гради, а ако некој нѐ нападне со оружје тогаш ќе го браниме со оружје
Директорот на ЦУК, и претседател на „Достоинство“ Стојанче Ангелов уште еднаш повтори дека е спремен да го брани крстот на Попова Шапка. Тој во гостување на тетовската „Коха“ беше прашан што доколку има иницијатива за рушење на крстот на Попова Шапка на што тој одговори дека ако има таква иницијатива тогаш е спремен да го брани со голи гради.
– Ќе го бранам да, со голи гради, а ако некој не нападне со оружје тогаш ќе го браниме со оружје. Јас сум во топ форма психичка и физичка, рече Ангелов.
Тој додаде што треба да одговори на вакво прашање и праша што со џамијата изградена таму. Според него таа џамија таму не треба да биде чепната, но ако треба да се почитуваат законите во Македонја прво треба да се срушат 80-те викендици неправедно изградени, џамијата па после крстот.