ЖивотИзбор на уредникотТопФото

Анѓела Јакимовска се враќа со круна од Хрватска, станува заштитно лице на еден од најлуксузните ресорти Марина Фрапа (ФОТО)

Неодамна на јадранското крајбрежје во Хрватска во ресортот „Марина Фрапа“ традиционално се одржа изборот за убавина Мис Адриатик , којшто е еден од најценетите избори за убавина во регионот, а се одржува уште од далечната 1997 година. Нашата мисица и поранешна водителка Анѓела Јакимовска е прогласена за Мис Марина Фрапа 2023 година и ќе биде заштитно лице на еден од најлуксузните ресорти во Хрватска на јадранското крајбрежје.

„Марина Фрапа„ е добро позната локација којашто е посетена од многу ѕвезди од регионот како на пример Новаќ Гоковиќ и многу други, па навистина е  успех токму Македонка да биде лицето на еден ваков престижен хотел.

Инаку  таа ја започна својата кариера токму во Хрватска во Сплит, како од моден така и од образовен аспект, каде и студираше на тамошниот Економски Факултет.

Во далечната 2017 Анѓела беше жири комисијата на изборот за убавина ,, The Best model of Dalmatia” каде што се одбираше најатрактивна Далматинка, а исто така беше дел од модните ревии коишто се одржуваа во градот Сплит.

Поврзани вести

Back to top button