Избор на уредникотМакедонија

Ана од Кавадарци: Жртва сум на „Јавна соба“, доста е, ова треба да престане, секој може да објави и напише што сака (ВИДЕО)

„Јас сум Ана, една од девојките која што беше објавена во Јавна Соба“ – вака започнува храбрата исповед на девојка од Кавадарци, чија слика заедно со невкусна порака и телефонски број, беа оставени во грозоморната група на Телеграм, со огромен број на членови.

Таа денеска на социјалната мрежа Инстаграм, од каде е земена нејзината фотографија од плажа направена на одмор, објави видео за поддршка на сите останати девојки кои се нашле во иста ситуација како неа, велејќи дека не треба да се срамат затоа што тоа не е нивна грешка и дека оние кои објавуваат и се јавуваат треба да бидат казнети.

-Над сликата имаше оставено мои лични податоци и мој телефонски број и надолу опис од некоја личност, која сакала на некој начин да ми наштети или го направила тоа за забава. Ова е сликата која некој ја злоупотребил. Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места. Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто.

Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа.Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. Малку се повлеков, еден ден, но потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа? Единствено што можам да кажам е дека беше доста, претходно имаше многу жртви во вакви ситуации, ова треба да престане. Треба да се донесе закон што ќе не штити од ваков криминал. Секој еден може за нас да објави и напише што сака. Доколку се случи такво нешто на некоја ваша блиска личност, немојте да осудувате, но немојте и да молчите. Време е да прозбориме и ваквите ситуации да престанат, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)

Поврзани вести

Back to top button