Воздухопловната компанија Hermeus Corporation со седиште во Атланта соопшти дека од приватни инвеститори добила доволно пари за производство на овој вид авион.
Доколку проектот биде успешен , би можел да значи револуција во воздушниот сообраќај. Сега патувањето од Њујорк до Лондон трае седум часа.
Меѓу основачите на оваа компанија се поранешни вработени во компанијата на Елон Маск , Space X , како и во вселенската компанија на Милијардерот Џеф Безос, Blue Origin. Од компанијата велат дека ќе бидат потребни десетина години за да се реализира овој проект.