Американски конгресмен: Македонија не е држава и треба да се подели
Американскиот конгресмен Дана Рохрабачер вели дека Македонија не е држава и дека треба да се подели. Во интервју за Визион Плус, цитирано од Алсат-М, Рохрабачер истакнува дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега според него, сите околности се создадени нејзините делови да им се дадат на соседните држави. Во новата администрација на претседателот Доналд Трамп, Рохрабачер е претседател на Комитетот за надворешни работи, чија задача е надворешната политика на САД.
„Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или со било која друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја се уште држи“, изјавил Дана Рохрабачер за Визион Плус.