Живот

Американски астронаут се враќа од едногодишна мисија и носи црни прогнози

Скот Кели е американски астронаут кој наскоро се враќа од едногодишна мисија во вселената, а дијагнозата која ја носи не е светла. Кели порачува – Земјината атмосфера делува многу, многу кревко.

“Земјината атмосфера делува многу, многу кревко. Тоа е проблем за кој дефинитивно треба да поведеме сметка”, порачал преку сателит 52-годишниот американски астронаут Скот Кели, кој таму се наоѓа од март минатата година, а се враќа наскоро. Посебно е загрижен за деловите на Азија и средна Америка, за кои тврди дека се многу загадени, пишува CNN.

“Тоа загадување на 400 километри висина, на која се наоѓам, се гледа како густа магла. Би рекол дека целата таа глетка изгледа болно”, рекол тој.

Загрижен е и за некои временски состави кои ги проучувал.

“Тропските циклони, како многу интензивно пореметување во атмосферата, почнале да се појавуваат на многу неочекувани места, односно на места кои дефинитивно не се тропски, и тоа е проблем”, вели Кели.

Астронаутот во целата кариера во вселена минал дури 501 ден, повеќе од било кој американски астронаут. Неговата мисија вклучува медицински мерења кои мора да ги извршува на себе. Кели потоа во соработка со лекари ќе издаде истражување за споредбата на својата здравствена состојба со таа на својот брат близнак, кој е пензиониран астронаут. Така ќе се обиде да објасни како долгиот престој во вселената влијае на човековото тело. Научниците очекуваат дека поради зрачењата, промената на исхраната и останатите промени поради долгиот престој во вселената, Скот побрзо да старее од својот брат Марк.

“Минувањето на времето е малку збунувачко кога си во вселената. Ми изгледа како да сум тука повеќе од една година. Одвај чекам да се вратам”, рекол Кели, кој во вселената е заедно со рускиот колега Михајло Корњенко.

 

 

Поврзани вести

Back to top button