Американка се подмлади 20 години користејќи терапија со генетски материјал
Првата личност на светот го прими генетскиот третманкој, во теорија, би требало значајно да го продолжи човечкиот живот. Директорката на американската компанија „Биовива“, Елизабет Париш, на себе ја испробала терапијата која ја развија нејзините стручњаци, а резултатите се ветувачки.
„Биовива“ тврди дека развила начин за продолжување на теломерот на краевите на хромозомот, кој се троши со секое делење на клетките. Научниците веруваат дека кратките или потрошените теломери се главна причина за старечките болести.
Кога клетката се дели, се прави копија на ДНК со хромозомите, но клеточните механизми не можат да се копираат од крај до крај, туку дел од ДНК на рабовите секогаш се губи. Теломерите служат како заштита, дел од неискористената ДНК чија единствена цел е да ги заштити битните делови на хромозомот при копирањето. Научниците ги споредуваат со фитил – кога ќе се потрошат, клетките при копирањето почнуваат да ги губат битните делови на ДНК, и доаѓа до смрт или до болести на клетките.
Во септември минатата година, Париш (44) примила два генетски третмани – еден чија цел била заштита од губитокот на мускулната маса како последица на стареењето, и еден чија цел била да се продолжат теломерите на матичните клетки.
Експериментот бил замислен како демонстрација дека двата третмани се сигурни за изведување на луѓето, но првите бројки покажале дека генетската терапија била исклучително успешна.
Мерењето на теломерите на Елизабет Париш пред терапијата покажало дека имала невообичаено кратки теломери за својата возраст – што значело дека многу брзо почнала да ги чувствува последиците од стареењето на организмот. Но, мерењето по терапиите покажало дека теломерите се продолжиле за еквивалент од 20 години трошење.
Мерењата не ги спровела компанијата „Биовива“, туку специјализираната лабораторија „СпектраСел“, а податоците ги потврдил и непрофитабилниот институт ХЕАЛЕС од Брисел, што ги прави веродостојни.
Иако продолжувањето на теломерите сигурно ќе им ја олесни постарата возраст на бројни луѓе и ќе го намали појавувањето на старечките болести, се уште е премногу рано да се зборува за „еликсир на младоста“. Стареењето кај луѓето е исклучително сложен процес кој се уште не е разјасен во целост, а губитокот на теломерите е само еден од познатите причинители на стареењето.