Живот

Ако јас ја убив Јелена нека ме обесат на Теразии- Зоран се колне дека не е крив

Зоран Марјановиќ, сопруг на брутално убиената пејачка Јелена, во текот на сослушувањето во полиција, упорно инсистирал дека тој не е убиецот и дека нема никаква врска со злосторството.

Зоран буквално ги преколувал полицајците да му поверуваат дека не е убиец. Во еден момент, низ солзи рекол: Се колнам дека не сум крив. Еве нека ме обесат на Теразии, ако сум јас тој што ја убил мојата Јелена.

-Цело време кажува дека ја сакал, дека таа била љубовта на неговиот живот и дека никогаш не се карале. Меѓутоа во неговата изјава најдени се многу контрадикторности. Ќе видиме што ќе покаже истрагата- рекол извор близок на истрагата.

Поврзани вести

Back to top button