Избор на уредникотМакедонијаТоп

АА: Синот на Мерко купил БМВ кое чини над 150 илјади евра (ФОТО)

Алијанса за Албанците во соопштение за медиумите тврди дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил – скапоцено „BMW 740d“, кое според партијата чини помеѓу 130.000 и 150.000 евра.

„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ

ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците, забележувајќи дека за да купи таков автомобил, на еден работник со просечна плата од 400 евра му се потребни 30-тина години.


„За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА“, пишува во партиското соопштение.

Поврзани вести

Back to top button