ВИДЕО: Најмистериозните и најопасни земји – Беснеат војни и ретко кој може да влезе, а полни се со богатство
Некои држави како Северна Кореја или Јужен Судан секојдневно се соочуваат со тешки проблеми и изолирани се од надворешниот свет, а само ретки странци ги посетуваат. Добата на отворена демократија, слобода на говор и медиуми, често пристапот на информации се земаат здраво за готово. Сепак, извештајот на агенцијата „Risk Advisory Group“, покажува дека сите овие аспекти на власт се реткост во светот. Рангирани се земјите по нивната затвореност, достапност на јавни информации на граѓаните, квалитетот на тие податоци, и колку е лено да се пристапи до „човечките извори“ во потрага по нови информации.
Овие земји се најмистериозни, а турите и посетителите ги очекуваат работи за кои не читале.
8. Белорусија
Оваа земја поради политика ја бие лош глас. Нејзиниот претседател Александар Лукашенко често го нарекуваат „последниот диктатор во Европа“. Откако стапи на должност политичките противници го сметаат за автократ и диктатор, додека следбениците тврдат дека неговото водство ја спасија Белорусија од најштетните последици на посткомунистичката транзиција.
7. ДР Конго
Војната во Источната Демократска Република Конго беше една од најкомплексните конфлики на Земјата. Повеќе од 1,6 милиони луѓе се раселени, со честа борба меѓу владите и вооружените конфликти. Во земјата од тогаш владее кревок мир, кој од време на време се зацврстува благодарение на значителната мерка на напредокот на економијата која се ослонува на значителниот извоз на нафта.
5. Јужен Судан
Сиромашна земја во која третина од жителите живее под границата на сиромаштијата. Последиците од војната за невиност кои беснееја десетина години, претставуваат голем предизвик за тамошното цивилно друштво. Земјата сеуште ги трпи последиците на граѓанската војна, во која загинаа 50.000 луѓе, а раселени се околу 2,3 милиони луѓе. Притисокот на меѓународната заедница доведе до тоа да мировниот договор и воспоставувањето на заедничката влада на двете завојувани страни.
4. Либија
Гадафи е соборен во крвава граѓанска војна, а со години по неговата смрт конфликтите и понатаму не стивнуваат. Со децении на власт, земал се повеќе овластувања и градел култ на личности каде неговото мислење било најважно.
3. Лаос
Оваа држава во југоисточна Азија е една од најсиромашните земји на свеот. Околу 80% од работната сила вработена е во земјоделието. Во Лаос не се откриени злихи на нафта, земјен плин, ниту останати поважни руда. Не постои железница, патиштата повеќето се неасфалтирани, а електрична енергија во руралните подрачја е луксузно добро. Дури 30% од жителите живеат под границата на сиромаштијата.
2. Туркменистан
Диктаторот Сапамурат Нијазов владее со оваа држава од 1991 до 2006 година. За време на неговиот режим секој трет Туркмен заврши во затвор, а секој втор остана без работа. По неговата смрт во декември 2006 година Бердимујамедов стана вршител на должноста претседател, победувајќи на изборите во 2007 година по што стана претседател. Туркменистан по Репортери без граници е трета најлоша земја на светот што се однесува до контрола на медиумите.
Погледнете го видеото: