Отец Пимен проговори против некрологот за Груевски
Европскиот митрополит, владиката Пимен, на својот Фејсбук профил побара осуда и за објавата на контроверзен некролог со ликот на Никола Груевски кој е поеднакво навредлив и неприфатлив.
„Ако осудувавме некролози на амбасадори, крст со името на Заев, не може да се премолчи и да не се осуди и оваа нова фотографија каде што Никола е ставен во мртовечки сандак. Сепак, за истите човечки принципи се работи. А имаме и заповед да ги љубиме дури и непријателите свои. Или толку сме се оддалечиле од Бога што нит него, нит ближните ги љубиме, а камо ли непријателите?“ вели отец Пимен.
Некрологот беше објавен од професорот Илија Тито Беличанец и оваа слика наиде на голем број на осуди од јавноста. Секако, ваквиот потег е целосно неоправдан и политичката борба мора да се води достоинствено и да не се шири говор на омраза.
Професорот се оправдуваше дека станува збор за политички хумор, но вели дека тоа не е повод за навреди, пцости и закани.