Свет

Лавров: Не смее да дојде до нова војна на Балканот – Албанците нема што да бараат во северно Косово

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров  изјави  дека не смее да дојде до нов оружен судир на Балканот.

„Се надевам дека сите сфаќаат дека тоа не смееме да го дозволиме“, кажа Лавров на годишната конференција за новинарите за резултатите од работата на министерството за надворешни работи во 2016 година, додавајќи дека тензиите на Балканот драматично се зголемуваат.

Тој изјави дека „силите на косовските Албанци не треба да бидат присутни на северот на Косово населен со Срби“.

Зборувајќи за ситуацијата на Балканот, Лавров кажа дека „Европската Унија требало да ја смири ситуацијата и да влијае врз реализацијата на договорот постигнат меѓу Белград и Приштина“.

„Меѓутоа, историјата нѐ учи дека историјата не нѐ учи ништо. Се надевам дека овој пат сите ја разбираат потребата да се избегне конфликтот“, истакна Лавров.

Тој додаде дека и двата договори постигнати во Брисел се нарушени.

„Што се однесува до возот Белград-Приштина, веднаш по инцидентот ми се јави Ивица Дачиќ и анализиравме што всушност се случи. Можам да кажам само едно – ЕУ мора да ја смири оваа ситуација и да обезбеди да се исполнат договорите меѓу Белград и Приштина постигнати со посредство на Брисел“, кажа Лавров. „А тие договори бараат слободата на движењето на луѓето да не се ограничува и на северот на Косово каде што живеат Срби да нема албански припадници на полицијата“.

Според Лавров, заострувањето на односите се создава со политиката на оние кои на сите балкански народи „им ги наметнуваат таканаречените европски вредности во ново, современо, постхристијанско пакување“.

Поврзани вести

Back to top button