ВИДЕО: И по 17 години не се знае кој го нарачал убиството на Аркан
Командантот на Српската доброволна гарда беше убиен на 15 јануари 2000 година во „Интерконтинентал“ во моментот додека неговата сопруга била во бутик.БЕЛГРАД – Командатот на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на денешен ден пред точно 17 години во хотелот „Интерконтинентал“ кога во него пукаше Добросав Гавриќ со уште двајца соучесници.
Семејството и пријателите на командантот на „тигрите“ денеска ќе излезе на Ново гробје каде е Аркан закопан. Според официјалната верзија на настанот, Гавричеви сооучесници биле Драган Николиќ и Милан Џуричиќ, а нарачателот на убиецот никогаш не е откриен.
Реконструкција
Сопругата на Аркан, прославената српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се наоѓаше во хотел со сестрата Лидија и во придружба на телохранителот Зоран Матеовиќ, каде била во обиколка на бутиците.
„Тој ден околу 17 часот пред „Интерконтинентал“ застанале две возила. Од „опел калибра“ излегле Драган Николиќ Гаги и Милан Џуричиќ Мики, од претходно познати на полицијата. Во второто возило се наоѓале Зоран Николиќ Пегла и Добросав Гавриќ, припадник на Втората чета од Првиот баталјон на полициската бригада СУП Белград – известија медиумите за тој настан.
(Видео) Убиецот на Аркан на слобода
Пеглата остана на паркинг, додека остантите тројца момчиња влегоа во холот на хотелот, во кој во тој момент имало голема гужва.
„Аркан седел со Миленко Мандич Манда и Драган Гарич во сепарето недалеку од рецепцијата. Гаги и Мики му пришле да им се јават, се ракуваа со Аркан, се избација со Манда и тргнаа кон скалите кои водела во хотелските сали за банкет. Гавриќ седеше во другото сепаре, неколку метри зад грбот на Аркан“, опис на настанот кој може да се најде во медиумските извештаи.
Куршуми
Минута подоцна Гавриќ стана од столот. Под капутот го извади пиштолот „CZ 99“. Три куршуми испали во Аркан . Мандиќ е погоден со куршум во грбот, а Гариќ кој се обидел да побегне со два. На подот на холот паѓале куршумите, чашите, филџаните и шишињата, а гостите легнале засолнувајќи се од куршумите.
Поради трикратното убиство во „Интерконтинентал“ Џуричиќ и Николиќ се осудени како соучесници на по 30 години, додека Гавриќ е осуден на 35 години затвор. Драган Николиќ е уапсен во 2003 година во еден стан во Виена, три години по распишувањето на потерницата, додека Добросав Гавриќ е уапсен во 2011 година во Јужноафриканската Република. Милан Џуричиќ и понатаму е во бегство.
„Србија не била известена за тоа, и доколку навистина бил во домашен притвор, тој формално не бил слободен човек. Тој е уапсен во декември 2011, и Србија веднаш поднела барање за неговоо испорачување, но вече повеќе од пет години на него не му е одговорено“, откри извор од српското правосудство.