Никако не ги мешајте – Најопасни комбинации на лекови!
При земањето на лекови освен што е важно да водиме сметка за времето на нивното консумирање и препорачаната доза, мораме да обрнеме внимениe и на тоа кој вид лекови не би требало да гi комбинираме со оној којшто ни го препишал лекарот. Голем број лекови содржат слични супстанции, а нивното истовреме земање може да доведе до многубројни несакани ефекти.
„Коктелите“ од таблети можат да предизвикаат сонливост, вртоглавица, стомачни проблеми, крвавење, оштетување на органите, а во некои случаи дури и смрт.
Затоа е важно лековите да не ги земаме на своја рака и пред користењето задолжително да го прочитаме неговото упатство. Ова се некои од комбинациите кои при лекувањето треба да ги избегнуваме.
Антидепресиви и лекови против болки
Лековите од овие две групи никако не треба да се земаат заедно, бидејќи тоа може сериозно да го наруши вашето здравје. Комбинацијата на антидепресиви и таблети за ублажување на болките може да доведе до крвавење во желудникот и хранопроводникот. Овие лекови влијаат и на нивото на серотонин во мозокот па нивното истовремено земање исто така може да предизвика вознемиреност, проблеми со дишењето, зголемена температура, како и забрзано работење на срцето.
Антикоагуланси и „аспирин“
Истовреме земањето на антикоагуланса и „аспирин“ ги зголемува шансите за настанување на внатрешно крвавење, а кај постоечките рани на телото може да предизвика и интензивирано надворешно крвавење. Ова се случува проади заедничките својства на овие лекови. Имено, антикоагулансите често се даваат на пациентите за да се намали формирањето на крвните згрутчувања во артериите. Тие влијаат на хемиските реакции во телото и го продолжуваат времето што е потребно да се формира крвното згрутчување. „Аспиринот“, освен што ги ублажува болките, исто така, како и антикоагулансите, ја разблажува крвта и со самото тоа го намалува ризикот од крвни згрутчувања.
Аналгетици и седативи
Поради сличните својства коишто влијаат на смирувањето на организмот треба да се избегнува мешањето на антианксиозните лекови од групата на бензодијазепамините и лековите против болки, бидејќи ова може да предизвика труење со лековите. Преголемата доза на овие таблети го намалува дишењето и го забавува работењето на срцето, што може да доведе дури и до смртен исход кај некои луѓе.
Ацетаминофени и опијати
Лекови кои содржат ацетаминофен треба да се избегнуваат доколку земате некој вид опијати. Слични супстанции кои се наоѓаат во овие препарати во поголема количина може да доведат до оштетување на црниот дроб. Во некои слуачи испиената доза која е поголема од препорачаната може да предизвика и смрт.
Лекови за кашлица и антихистаминици
Лековите за кашлица и антихистаминиците имаат идентичен состав па земањето на двата лекови може да предизвика седативен ефект. Нивната комбинација може да доведе до интензивирано чувство на сонливост, што може да претставува посебна опасност за оние кои не се запознаени со седативниот ефект, а управуваат со возило или со тешки машини. Земањето на лековите против кашлица и антихистаминиците не е препорачливо ниту во текот на ноќта, бидејќи ефектот на нивната комбинација може да се почувствува и во текот на утрото.