Живот

Науката не може да објасни како овие луѓе се спасиле од смртта

Постојат многу филмови во кои луѓето го достигнале невозможното, но многу од овие приказни се измислени. Ова се 7 луѓе кои со помош на среќа и снаодливост ја победиле природата и ги преживеале најтешките услови кои планетата им ги поставила. Еве ги нивните вистински приказни.

1. Ана Елизабет Јохансон Багенхолм

ana-elizabet-johanson

Во 1999 година оваа жена-радиолог од Шведска била заробена околу 80 минути, под дебел слој мраз на еден поток. Нејзината телесна температура се спуштила на 13,7 степени до моментот на спасувањето. Тоа е најниската телесна температура во историјата на медицината.

2. Мауро Проспери

mauro-prosperi

Овој тркач на долги патеки се изгубил за време на трката во Мароко каде поминал 36 часа во пустина без храна и вода. Поради тоа морал да си ја испие својата урина за да преживее. Пронајден бил на 210 километри од маратонската патека. Во еден момент се обидел да си го одземе животот со сечење на зглобовите, но телото му било дехидрирано, па крвта само му се згрутчила.

3. Весна Вуловиќ

vesna-vulovic

Таа не требала да биде на летот ЈАТ DC-9 во 1972. Две имиња биле помешани, па таа по грешка била качена во авионот каде експлодирала терористичка бомба. Експлозијата предизвикала авионот да падне од висина од 10.000 километри на планина при што имало 28 жртви и само еден преживеан: Весна Вуловиќ.

4. Фране Селак

frane-selak

Тој е најсреќниот или можеби најнесреќниот човек на планетата. Преживеал две сообраќајни несреќи со кола, сообраќајка во автобус, излетување на воз од шините и отворање на авионска врата додека авионот бил во воздух. Потоа во 2003 освоил милион долари на лотарија.

5. Рој Саливан

roj-salivan

Кој вели дека гром не удира два пати на исто место? Г-дин Саливан бил погоден од гром 7 пати. Но, на крајот не било гром она кое го убило, туку самиот си пресудил со пиштол во стомак поради невозвратена љубов.

6. Џо Симпсон

Joe simpson

Овој човек бил дел од планинарско дуо и успеал да биде првиот кој се искачил на западниот врв на Сиула Гранде. Попатно Симпсон паднал во планински процеп од 30 метри. Некако, за три дена успеал да се извлече од таму, да продолжил да планинари и да стигне до врвот.

7. Анатолиј Бугорски

anatolij-bugorski

Во 1978 година, додека научникот Анатолиј работел на акцелератор на честички, бил погоден од протонски зрак од машината. Тоа требало да го убие. Зракот од машината кој поминал низ неговиот череп бил со 200.000 ради, но тој го преживеал ударот и потоа продолжил да работи на неговата докторска студија. Претходно се верувало дека само 500 ради може да убијат човек, но не и овој пат.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button