Живот

ФОТО: Ѓоковиќ ја изневерувал Јелена со оваа Индијка

Приказната на италијанскиот весник „Газета дело спорт“ добива нов тек, според кој изгледа дека боливудската афера на Новак Ѓоковиќ не била чаршиски муает.

Пред извесно време се шушкаше дека Ноле имал авантура со една позната индиска актерка, Дупико Падукон, и тоа ни две години по венчањето на црногорскиот Свети Стефан и по добивањето на синот Стефан. Во нaплив на бес Јелена тогаш, наводно, ги одвоила банковните сметки, што е чекор кон разделба од тинејџерската љубов.

novak2

Имено, тогаш се пишуваше со доза на подбив кон жолтиот печат, дека сите славни личности барем еднаш во својот живот се нашле во „љубовна афера“, која ќе им ја смести жолтиот печат. Ваква судбина го снајде и светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откако англиските медиуми го наместија дека имал афера со Индијката Дуплика ПадуконНовак и Јелена ја запознале индиската актерка преку заеднички пријател. Семејството Ѓоковиќ и актерката во исто време престојувале во Лос Анџелес, па британските медиуми, односно „Дејли меил“, го искористи тоа за да ја пласира екскулзивната информација дека тенисерот и актерката биле заедно на вечера, а потоа заедно ја поминале и ноќта.
novak4

По шокантниот пораз во третото коло на Вимблдон се зборуваше дека не се работи за повреда или пад на формата на најдобриот тенисер туку за семејни проблеми, а во интервјуто за „Тајм“, тој само го потврди тоа и додаде дека секој во животот се наоѓа пред предизвици и дека тие се решаваат, па оттука се претпоставува дека Ноле ги решил проблемите со Јелена.
Тие се во врска од тинејџери, па не е ни чудно по толку време да се најдат во криза.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button