Свет

Холандските десничари најавуваат забранување на Куранот и затворање на џамиите

„Сите џамии и исламски школи да се затворат, да се забрани Куранот“, се наведува во документот што ја открива изборната програма на Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс, пред парламентарните избори закажани за март 2017 година, пренесува Франс прес.

ПВВ во својата програма истакнува дека ќе ја „сопре исламизацијата на земјата со низа мерки, вклучувајќи затворање на границите, гаснење на центрите за азиланти, забрана за влез на емигранти од муслиманските земји и забранување на муслиманките да носат марами во јавност“.

На маргините на европската емигрантска криза, анкетите покажуваат дека популарноста на Вилдерс расте во однос на актуелната коалиција на Лабуристичката партија , Народната партија за слобода и Демократската партија на чело со премиерот Марк Рут.

Емигрантската криза ја подели Холандија, држава со 17 милиони жители, со тоа што предизвика жестоки дебати и неколку напади врз прифатните центри за емигранти, пренесува француската агенција.

Вилдерс, против кого се води процес врз основа на тужба за поттикнување омраза, вети и одржување референдум за останување на Холандија во Европската Унија.

Неговата партија вети и намалување на странското влијание, како и трошоците за полицијата и безбедноста.

Поврзани вести

Back to top button