Свет

Татко ги држел на нишан лекарите за да не го исклучат синот од апарати

Очаен татко внесол пиштол во болница и ги држел на нишан лекарите што се обиделе да го исклучат неговиот син од апарати, откако претходно било утврдено дека кај 27 – годишното момче немало мозочна функција. За време на инцидентот момчето ја стегнало раката на таткото.

Како што пренесува британски „Сан“, лекарите одлучиле да не го исклучуваат пациентот откако добиле доказ дека кај него има мозочна функција, а тој сега заздравува, благодарение токму на „грубата“ реакција на таткото.

Џорџ Пикеринг Втори е обвинет за напад со смртно оружје и во моментов се наоѓа во затвор, откако претходно одлучил да влезе со пиштол во Регионалниот медициски центар Томбал во Тексас.

Откако лекарите му соопштиле дека нема надеж за неговиот син Џорџ Трети кој претрпел тежок мозочен удар во јануари годинава и бил во кома оттогаш, и откако одлучиле да го исклучат од апаратите, очајниот татко почувствувал дека не му преостанува ништо друго.

Неговата поранешна сопруга и другиот син дале согласност младото момче да биде ставено на листата на донатори на органи.

Многу брзаат. Болницата, сестрите, лекарите. Знаев дека ако добијам три или четири часа таа вечер, ќе дознаам дали мозокот на Џорџ е мртов, изјавил 59-годишниот Пикеринг.

Кога тој конечно го добил одговорот од неговиот син, мирно им се предал на властите по тричасовната заложничка криза. Тој признал дека бил пијан и агресивен но дека се однесувал така затоа што знаел дека неговиот син не е подготвен да умре.

За време на тие три часа, Џорџ ми ја стегна раката три или четири пати, по моја наредба, изјавил таткото.

Џорџ Помладиот по целосното закрепнување

По неверојатниот след на настаните, 27 – годишниот Џорџ во моментов е целосно закрепнат. Неговиот татко беше ослободен претходно овој месец, откако сите обвиненија поднесени против него беа отфрлени.

Законот беше прекршен, но поради вистински причини. Тука сум благодарение на тоа. Тоа беше љубов, тоа беше љубов, вели синот.

Поврзани вести

Back to top button