Свет

Советничката на Хилари Клинтон уредник во радикално муслиманско списание

Хјума Абедин, клучен советник на Хилари Клинтон, работела на времето како уредник во муслиманско списание што се залагало против правата на жените и тврдело дека САД сами ги извршиле нападите од 11 септември 2001 година, соопшти денеска весникот “Њујорк пост “во електронска верзија, цитиран од агенциите.

Според весникот Абедин била во текот на повеќе од десет години уредник во “Џрнал оф маслим мајнорити аферс” (Списание за прашањата на муслиманското малцинство). Во публикацијата списанието ја окарактеризира како “саудиски орган за пропаганда”.

Во иднина Абедин може да го предводи кабинетот на Белата куќа, ако Клинтон стане првата жена претседател на САД, забележува весникот. Според “Њујорк пост” Абедин е “најпреданата” соработничка на Клинтон. Таа била стажантка во Белата куќа, кога Клинтон била прва дама на САД, а потоа работела за неа, додека таа била сенатор и државен секретар, забележува БТА.

Моментално Хјума Абедин дејствува во предизборната кампања на кандидатот на демократите

Поврзани вести

Back to top button