Живот

Електронските цигари ослободуваат токсични и канцерогени материи

Електронските цигари емитуваат токсични испарувања, а на количината на штетност на тие испарувања влијаат фактори како што се температурата, видот и колку години е стар уредот. Ова го покажуваат најновите резултати од лабораторијата „Лоренс Баркелеј“ во Калифорнија која дава податоци за сите оние кои сметаат дека електронските цигари се безбедни за употреба.

Студијата е објавена на 27 јули во журналот „Енвајерментал сајнс и технолоџи“. Тие што ги форсираат електронските цигари велат дека емисијата на овие токсични испарувања е многу помалку штетна од обичини цигари, па се залагаат за тезата дека е многу подобро да се користат електронските од обичните цигари. Обичните цигари се ужасно нездрави, а електронските цигари се едноставно нездрави и во ниту еден слулај не се сигурни и безбедни, вели учесникот на студијата Хуго Десталатс.

Од осми август американската администрација за храна и лекови ќе ги регулира новите прописи во врска со електронските цигари, но и обичните.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button