Свет

Русите не простуваат: Tинејџери убиваат педофил (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тројца тинејџери се уапсени во Русија откако на интернет осамна скандалозната снимка на која се гледа како малолетниците го клоцаат и тепаат крвавиот маж кој лежи на земјата. Руската полиција го потврдила инцидентот, а како мотив се наведува тоа што мажот (47) од снимката се обидел да ја наведе на секс нивната другарка (13).

Девојчето кое педофилот се обидел преку социјалните мрежи да го убеди да спие со него ја снимила тепачката и ја објавила на интернет.

По ласцивното допишување, девојчето им раскажало на пријателите што се случило. Девојчето закажала состанок со мажот, но не дошло само како што било договорено, туку со себе ги повело другарите кои мажот од снимката крвнички го претепале.

На снимката кадешето мажот е претепан јасно се слуша смеење и навивање на насобраните додека педофилот лежи крвав на земјата и моли за милост. На снимката се гледа имоментот кога групата заминала.

Се верувало дека човекот го преживеал нападот, но утредента, на 26 јули, група тинејџери од 16 и 17 години вооружени со пиштол и нож се вратиле да го убијат. Педофилот бил убиен со ножот, потврдила полицијата.

По неговата смрт откриено е дека педофилот на својот сајт објавувал порнографски снимки и дека на некои од нив биле и малолетни девојки. Списокот на неговите пријатели на социјалните мрежи исто така покажал дека меѓу нив имало и тинејџерки.

Педофилот, чие име не е објавено, ги повикувал девојките во својот дом и им нудел алкохол и подароци. И соседите на педофилот потврдиле дека често го посетувале сосема млади девојки. Истрагата покажала дека во минатото бил осудуван за провали.

Тројца тинејџери се уапсени поради нанесување тешки повреди со смртен исход.

Снимката можете да ја погледнете на следниот линк: www.dailymail.co.uk/news/article-3715159/Shocking-footage-shows-teenage-lynch-mob-beat-Russian-paedophile-thought-going-meet-13-year-old-girl-killed-day.html

Поврзани вести

Back to top button